Се што треба да знаете за месецот Рамадан

За Муслиманите ширум светот, оваа недела го означува почетокот на светиот месец Рамадан, период познат како време за пост. Сепак некои од луѓето кои не се дел од Исламската вероисповест не знаат како и зошто дошло до постот.

Оваа година, Рамазан е во пресрет на 15-ти или 16-ти Мај, во зависност од видливоста на новата полумесечина од локалната локација. Саудиска Арабија и многу арапски земји го дочекаа на 15-ти Мај, додека Балканскиот полуостров, Турција, Иран, Мароко и други држави дочекаа да го видат следниот ден.

Рамазан, деветтиот месец од исламскиот календар, доаѓа од арапскиот корен рамида или ар-рама, што значи врела топлина или сувост. Во суштина, тоа е период на духовен раст постигнат преку молитва и самоконтрола.

Тоа е исто така, месец кога се откриени првите стихови од Куранот.

Глава 2, стих 185 од верскиот текст гласи:

Рамазанскиот месец е оној во кој беше откриен Куранот; упатство за човештвото и јасни докази за водството и критериум за право и погрешно. Кој од вас е присутен, нека пости овој месец, и секој од вас кој е болен или на пат, Алах сака да му олесни; Тој не сака да ве мачи; и треба да го завршите периодот, и да го величате Аллах затоа што ве водел, а можеби и ќе му бидете благодарни.

Постот или апстиненцијата од храна и пиење од изгрејсонце до зајдисонце, развива квалитет наречен „taqwa“, или свест дека Аллах секогаш те гледа. Оброкот пред изгрејсонцето се нарекува сухур, додека оној по зајдисонце се нарекува ифтар.

Сите возрасни Муслимани се должни да постат, со исклучок на ментално хендикепираните и болните кои би можеле да ја влошат нивната здравствена состојба. Тука се вклучуваат и бремените жени или доилките, чии бебиња можат да бидат повредени, и жени во менструалниот период или со постпартално крварење. Исто така, тука се вклучени и работниците чии работни позиции бараат од нив да бидат во најдобрата физичка состојба (на пример, војници на стража). Додека пак, децата кои не доживеале пубертет не се должни да постат. Но сепак, многумина се охрабруваат да започнат со постот.

За време на Рамадан, Муслиманите  можат да го прочитаат целиот Куран, додека некои од нив избираат да вежбаат дополнителни молитви навечер наречени tarawih. Сепак, многу муслимани посетуваат џамии во последните десет ноќи за да го прочитаат Куранот и да се молат, активност на изолација позната како itikaf.

Муслиманите ја слават вечерта од најголема важност наречена Лајлат ал-Кадр, позната на англиски како Night of Power или Ноќ на власта, која се случува да биде ноќ кога првото откровение на Куранот го примил Мухамед. Општо се верува дека се одржува во навечер во последните десет дена од периодот (тоа се 21-ви, 23-ти, 25-ти, 27-ми или 29-ти).

По Рамадан, муслиманите го слават Еид ал-Фитр, кој паѓа на првиот ден од следниот месец. Оваа година може да започне на 14-ти, 15-ти или 16-ти Јуни.

Do you like this post?
  • БРАВО
  • УБАВО
  • ХАХА
  • ЛЕЛЕ
  • ТАЖНО
  • УПМ

напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.