Некои интересни и чудни приказни поврзани со молњата

Приказните за удари од молња се ретки, но многу од нив можат да бидат навистина бизарни. Просечниот Американец има околу 1 од 5.000 шанси да биде погоден од гром. Тоа се прилично добри шанси, но за оние несреќните, тоа не звучи толку прекрасно. Од неколку удари од молња до преживување благодарение на музички плеер, може да имате тежок период за да верувате во некои од овие приказни. Значи, земете ги своите гумени чизми бидејќи, тука има 25 бизарни приказни за изнемоштеност од молња.

Човекот кој бил излекуван со помош на удар од молња

Во 1980 година, Едвин Робинсон, 62-годишен жител на Фалмут, бил погоден од молња.  Уште повеќе е бизарно бидејќи молњата го обновила неговиот вид. Да, тоа е точно. Робинсон останал слеп во сообраќајна несреќа девет години пред тоа. Молњата делумно го излекувала неговото слепило.

Погоден од молња додека риболовел

Додека риболовел во Флорида, 55-годишниот Џејмс бил погоден од молња и исфрлен 6 метри подалеку во металната ограда. Чудниот дел во оваа приказна е тоа што тој ден било само малку дождливо. По 9 часа на операција, тој преживеал, но изгубил два прста и дел од неговите мали и големи црева.

Молња удрила во уста на жена

Звучи чудно нели? Но, додека ги миела забите, удар на молња ја погодил Наташа Тимаровиќ во устата. Ударот зад себе оставил тешки изгореници. Струјата се спуштила се до нозете.

Молња во соба

Во 1986-та година, петнаесетгодишната Џенифер Ман ја читала книгата „Сјајот на Стефан Кинг“ кога се случило нешто страшно, а тоа не било во неговата книга. Замав од молња удрил низ нејзиниот ѕид и го искршил креветот. За среќа, таа само претрпела ѕвонење во ушите. После овој настан, таа веројатно размислува двапати за книгите што ги чита.

Молња на сончев ден

Повеќето луѓе мислат дека може да има молња само за време на бура. Но, девојка била погодена од молња дури и кога сонцето сјаело. Тоа било само 11-годишно девојче кое живеело во Пенсилванија (2011-та година). Овие молњи за време на сончев ден се многу ретки, но опасни феномени.

Белег од молња

Откако трчал да ги спаси своите тикви од лошата бура, Винстон Кемп (24) се упатил кон својата куќа. Но, тоа не помогнало. Освен што се зашеметил, немал време да размислува многу само да ја почувствува болката. Тој се здобил со пликови на рацете и белези од молњата. Резултатите покажуваат дека бил погоден од „теренски молња“.

11 Пати погоден од молња

62-годишниот Мелвин Робертс тврди дека бил погоден од молња 11 пати во неговиот живот. Дел од несреќните настани се случиле за време на сончеви денови, возење на булдожер и двапати додека ја косел тревата. Иако многумина се скептични во врска со неговите тврдења, медицински докази ги потврдуваат овие удари.

Молња удрила во автомобил

Двојка во Западна Германија се бакнувала во нивниот автомобил. За да добијат некоја приватност, одлучиле да влезат во шумата. Игнорирајќи ја идната бура, тие на крајот се исплашиле кога молњата се приближила. Исплашени и голи, тие трчале по дождот додека да престане молњата.

Дали молњата лечи рак?

Додека сме на тема за молњата, треба да ја кажеме и оваа приказна. Иако сеуште звучи како прилично бизарна приказна. Еден земјоделец во Тенеси по име Томас Јанг боледувал од рак. Додека лежел во некоја импровизирана лежалка, молњата ги погодила жиците и минала низ него. Луѓето велат дека неговото лице било изобличено, но неговиот рак бил целосно исчезнат.

Koгоа молња ќе удри во пруга

Една приказна во Њујорк тајмс од 1874-та година ја опишува бизарната бура во Балтимор, каде што трепкањата на молња ги погодиле блиските железнички пруги и добиле форма на огнени топки кои се движат по патеките. Се вели дека изгледало како „брз син сјај“.

Човекот кој бил погоден 7 пати

Рој Саливан бил седум пати погоден од молња. Неговиот неофицијален прекар е “Молња”. Тврдел дека тоа е доволно за да влезе во Гинисовата книга на светски рекорди за најмногу преживеани удари од молња. Од 1948-та до 1977-та година, тој бил погоден од молња седум пати. Чудно е тоа што немал тешки повреди, туку само рани.

Девојка спасена од iPod

Кога Софи Фрост и нејзиното момче се обиделе да се засолнат од бура под едно дрво, молњата станала посилна. За среќа, таа го имала својот iPod. Лекарите веруваат дека жицата можела да пренасочи 300.000 волти електрична енергија од удирање во нејзините витални органи. Таа претрпе изгореници на градите и на нозете. Софи добила iPod како подарок од својата баба само четири дена пред несреќата.

13-годишниот Старк погоден од молња на Петок 13-ти во 13:13 часот

Многумина се преплашени од бројот 13, вклучувајќи го и Стефан Кин. Во овој случај, неговиот страв може да биде валиден. Во 2010-та година, 13-годишното момче на фестивалот “Лоустофт”, бил погоден од молња во 13:13ч, а било Петок 13-ти. За среќа, момчето целосно закрепнало.

Молња удрила во нуркач

Од сите нуркачи кои нуркаат во океаните, многу малку е веројатно дека еден од нив е погоден од молња. За жал за 36-годишниот нуркач, тоа е токму она што се случило. Тој само што се појавил за да се врати на својот брод, молњата го погодила воздушниот резервоар. Неговата екипа го вратила на плажата за да му укаже прва помош но, тоа не успеало.

Фудбалски тим убиен од молња

Во Конго 1998-та година, една чудна и трагична работа се случила за време на фудбалски натпревар. Молња удрила и го убила целиот фудбалски тим додека тие се натпреварувале. 11 Лица загинале, а уште 30 лица пријавиле дека се повредени.

Молња удрила во девојка која се туширала

Од сите места, дали замислувате дека тушот ќе биде безбедно место од удар на молња? За жал, 12-годишната Алис Свенсон од Шведска ја погодил удар од молња додека се туширала. Молњата всушност погодилa во куќата и патувала низ цевките до тушот каде што се наоѓало металното црево за туширање. Таа имала болки во раката, но за среќа само тоа бил степенот на нејзините повреди.

Метеоролог погоден од Молња

Метеоролозите знаат сe за молњите, но последното нешто што го сакаат е да станат блиски со нив. Молњата удрила во металната рамка на прозорецот додека Бред Сус бил во неговата канцеларија. Од силниот удар тој паднал и го повредил неговиот грб.

Пауза за време на патување проследена со молња

Оваа бизарна приказна можеби е најневеројатната за удар од молња. Се работи за 29-годишниот Анте Ѓинѓи од Хрватска и неговото патување. Додека правел тоалетска пауза бил погоден од молња и паднал во несвест. За среќа тој се здобил само со изгореници на рацете и градите.

Синестезија предизвикана од молња

Синестезијата е уникатен феномен каде луѓето гледаат бои со музички ноти и можат да ги видат аурите околу луѓето. Понекогаш зборовите можат да предизвикаат вкусови или звуците може да предизвикаат допир. Во овој случај, 20-годишно девојче по име Аб имала синестезија и била љубител на цртањето. Но кога удрило молња, таа почнала да црта со нови и чудни форми, вклучувајќи ги и златната и сребрената боја кои сепак „не биле вистински бои“.

Молња погодила во авион

Додека патнички авион летал над Москва, молња удрила и го оштетила радарот и опремата. Никој не бил повреден, пилотите направиле итно слетување.

Рик Флер и молњата во неговиот чадор

Ѕвездата Рик Флер опишува како тој бил погоден од гром, и тоа е прилично нереално. Додека се симнувал од авион, почувствувал притисок. Молњата го погодила неговиот чадор. Трагично е тоа што, молњата го погодила дечкото кој бил пет метри од него. Ударот бил точно во очите. Флер вели дека стоел скаменет.

Удар од молња во брод

Американскиот адвокат Н. Грејвс Томас, кривичен адвокат познат како претставник на озлогласените клиенти, како што се полициски убијци, шверцери со дрога и криминални дела, стоел на својот брод за време на невреме. Тој ги кренал рацете и рекол: „Тука сум“. Кратко потоа, удар од молња го погодил. За жал тој починал.

Џејмс Отис Џуниор сакал да биде удрен од молња

Џејмс Отис Џуниор некогаш бил познат по својата жестока поддршка од Американската револуција од Англија, но релативно тоа многу не успеало. Што е уште поинтересно е неговата изјава за неговата сестра: „Се надевам, Семоќниот Бог во неговото праведно провидение ќе ме однесе одвреме навреме во вечноста со молња“. Неговата желба била дадена во 1783-та кога се појавиле темни облаци над небото проследени со молња.

Т. Х. Феагин бил удрен додека дал проповед

Во 1908-та година, свештеникот Т. Х. Феагин проповедал проповед во Недела наутро и кога излегол да се ракува со останатите проповедници, молња го застрелала во црквата и веднаш го убила.

Тинејџерски пар спасен од молња

Додека тинејџерска двојка се држеле за рака, одеднаш почувствувале како нешто ги удира во главата. Дилан се разбудил завиткан во „топка“ три метри подалеку од неговата девојка, Лекси. Ударот од молњата го погодил Дилан во рамената, а Лекси била „застрелана“ дирекно во нејзините нозе (стапалата). Лекарот им кажал дека држењто за рака е причина за  спасувањето на нивните животи.

 

 

Do you like this post?
  • БРАВО
  • УБАВО
  • ХАХА
  • ЛЕЛЕ
  • ТАЖНО
  • УПМ

напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.