Најголемите ривалства во историјата на фудбалот

Она што изгледа како обичен фудбалски натпревар за некои луѓе може да биде неверојатно интензивно и страсно искуство за навивачите. Некои од најпознатите фудбалски ривалства се толку стари колку самите тимови и тие можат да предизвикаат многу луди емоции кај навивачите низ целиот свет.

Со вас ги споделуваме најомразените фудбалски ривалства од целиот свет:

15. Борусија Дортмунд – Шалке 04

Оваа утакмица се смета за една од најомразените во Германската Бундес Лига. Двете ривали се наоѓаат во германскиот регион наречен Рухр. Од досегашни 149 утакмици, Дортмунд освои 51 утакмица, додека Шалке освои 58 утакмици. 40-те игри завршија нерешено.

14. Палмеирас – Коринтианс

Најголемoто фудбалско ривалство во Бразил е помеѓу два традиционални фудбалски клуба во Сао Пауло – Палмеирас и Коринтијанс. Сето ова започна во 1917 година, кога двете страни се сретнаа за прв пат. Сега, овие натпревари, познати како “Паулиста Дербис”, се оценети меѓу десетте најголеми фудбалски класици на светот. Ривалството беше многу силно вклучено во бразилскиот филм “О Casamento de Romeu e Julieta”.

13. Ajaкс – Феенорд

Најинтензивното ривалство во Холандија доаѓа од најдрагите градови во оваа држава а тоа е, Ајакс од Амстердам против Феенорд од Ротердам. Не само што оваа утакмица е далеку најинтензивна ривалска игра во Холандија но исто така е и една од најжестоките во Европа. Озлогласени за нивната напнатост и насилство во и вон теренот, овие игри (познати како “Де Класикер” – “Класика”) секогаш се најпродавани и привлекуваат големо внимание низ целата земја.

12. Олимпијакос – Панатинаикос

Само имињата на ова грчко дерби (“Дерби на вечните противници” и “Мајката на сите битки”) покажуваат дека ривалството меѓу Олимпијакос и Панатинаикос е ривалство на најуспешните клубови во Грција и е многу загреан и интензивен. Игрите меѓу овие две страни обично се поврзуваат со масовни борби и улични бунтови меѓу навивачите. Омразеноста помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос дури се прошири и на други спортови како кошарката и одбојката.

11. Челзи – Арсенал

Челзи има неколку долгогодишни ривалства во Премиер Лигата, но тоа ривалство со Арсенал се смета за една од најжестоките и најомразените во англиската Премиер Лига. Челзи и Арсенал се лоцирани во северен Лондон и двата клуба честопати се на врвот на лигата, поради ова натпреварите меѓу нив секогаш привлекуваат големо внимание. Челзи и Арсенал доиграле 188 пати; Челзи освоил 61 натпревар, Арсенал 73 натпревари а додека пак 54 завршиле нерешено.

10. Бока Јуниорс – Ривер Плата

Познатa како “Superclasicos”, утакмицата меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата е натпревар помеѓу најпопуларните и најуспешните клубови во Аргентина. Ова ривалство е најжестокото и најинтензивното во Јужна Америка. Во овие утакмици особено се забележливи страстите и френетичните поддршки на навивачите од двете страни.

9. Селтик – Ренџерс

Ривалството меѓу Селтик Глазгов и Глазгов Ренџерс е еднa од најдолгите и најжестоките во Британија. Двата клуба доминираа со шкотскиот фудбал, освојувајќи 101 лигашки титули. Ривалството меѓу двата клуба стана длабоко вкоренето во шкотската култура и придонесе за политичка, социјална и верска поделба во Шкотска. Ренџерс и Селтик се соочиле 404 пати: Ренџерс освоил 159 натпревари, Селтик 148 натпревари додека пак 97 завршиле нерешено.

8. Фламенго – Флуминенсе

Натпреварите помеѓу Фламенго и Флуминенсе се исклучително популарни и загреани во Рио де Жанеиро, Бразил. Ова фудбалско дерби го постави светскиот рекорд за присуство на фудбалски натпревар, 194.603 луѓе дојдоа да го гледаат судирот меѓу двете ривали во 1963 година. Ривалството помеѓу овие два клуба започнало во октомври 1911 година, кога група незадоволни играчи од Флуминенсе го напуштиле клубот и отишле во Фламенго.

7. Галатасарај – Фенербахче

Ривалството помеѓу Галатасарај и Фенербахче oд Истанбул е најстарото и најжестокото ривалство во турската супер лига. Со многу емоции, многу насилство а дури и некогаш убиства, со сигурност може да кажеме дека оваа е една од најекстремните утакмици во целиот свет. Двете страни имаат голем број на редовни навивачи низ цел свет а исто така и преставништва во голем број држави, вклучувајќи ја и Македонија.

6. Црвена Звезда – Партизан

Познат како “Вечното дерби” и “Дербито на Југоисточна Европа”, белградското дерби помеѓу жестоките ривали Црвена ѕвезда и Партизан е ривалството на двата најголеми и најпопуларни клубови во Србија. Овој меч е далеку најзагреан и најнасилен во Балканот. Највисокото присуство за ова дерби беше околу 108.000 гледачи на стадионот на Црвена Ѕвезда. Поддржувачите на Црвената Ѕвезда се познати како “Делије” (“Херои”), додека навивачите на Партизан се нарекуваат “Гробари”.

5. Интернационале – Милан

Исто така познат како “Дерби дела Мадонина” и “Дерби ди Милано”, натпреварот помеѓу двата истакнати милански клуба АС Милан и Интернационале е секогаш возбудливо и емотивно искуство. Ривалството постои откако Интер се распадна од Милано во 1908 година. Натпреварот обично се игра во многу жива атмосфера, со бројни (често хумористични или навредливи) транспаренти и кореографии кои се одвиваат пред и за време на натпреварот.

4. Ливерпул – Манчестер Јунајтед

Најдолгoто ривалство на Ливерпул е оној со своите градски ривали – Евертон, но нивното ривалство со Манчестер Јунајтед, е еден од најжестоките во Европа. Се смета дека конкуренцијата на градовите за време на Индустриската револуција во 19 век придонеле голема омразеност од двете страни и го создале ова ривалство меѓу овие два клуба. Како и да е мора да признаеме дека овој натпревар секогаш вреди да се гледа.

3. Рома – Лацио

Овие два тима не само што се локални ривали но исто така и се цимери во “Stadio Olimpico”. Заради ова дербито наречено “Derby della Capitale” или “Дерби од главниот град” е еден од најемоционалните и најзагреаните утакмици во светот. На теренот се гледаат некои повремени случаи на насилство, вклучувајќи и неколку смртни случаи во минатото. Од 181 одиграни натпревари, Рома освои 68, а пак Лацио победи на 50, додека 63 заврши нерешено.

2. Вест Хем – Милвол

Со сигурност може да кажеме дека ривалството помеѓу Вест Хем и Милвол е еден од најстарите и најжестоките во Лондон. Двете страни се локални ривали, заради ова често се случуваат инциденти низ лондонските улици предизвикани од двете страни. Ривалството помеѓу Вест Хем и Милвол вклучува значително насилство и заради ова може да кажеме дека е еден од најозлогласените во светот на фудбалскиот хулиганизам. Неколку навивачи од двете страни починаа во тепачки надвор од теренот.

1. Реал Мадрид – Барселона 

Дозволете ни да ја започнеме листата со една од најинтензивните и популарните фудбалски ривалства во светот. Реал Мадрид и ФК Барселона се далеку најуспешни и најпознати тимови во Шпанија а исто така и во целиот свет. Овие две ривали едноставно не можат да се истрпат еден со друг. Познат како “Ел Класикос”, овие игри понекогаш се идентификуваат и со спротивставени политички идеологии, Реал Мадрид се сметаат за шпански националисти додека Барселона се сметаат за претставници на каталонскиот национализам.

Бонус: Вардар – Шкупи (Слога Југомагнат)

Иако помалку познато дерби во светскиот фудбал, мора да кажеме дека ова градско дерби помеѓу фудбалските клубови Вардар и Шкупи е најжестоката и најинтензивната утакмица која се одвива во Чаирскиот или Градскиот Стадион. Ривалството помеѓу овие два клуба датира со децении. Утакмиците на стадионите се следат само од домаќинските навивачи за да се избегнат конфликти и ред други насилства. Навивачките групи на Шкупи – Шверцери и на Вардар – Комити со традиција се најстарите навивачки групи во Македонија.

 

Do you like this post?
  • БРАВО
  • УБАВО
  • ХАХА
  • ЛЕЛЕ
  • ТАЖНО
  • УПМ