Многу едноставни прашања за кои сепак немаме одговор

Некои работи се толку едноставни што никогаш нема да ни текне да се запрашаме зошто или како постојат. Со вас споделуваме неколку од таквите нешта:

Зошто редоследот на азбуката е таков?

Азбуката иако сме ја научиле уште од мали, сепак никој не ни кажал зошто буквите се по тој редослед, а најверојатно не сме ни помислиле да прашаме зошто. Се претпоставува дека редоследот на буквите е измислен некаде околу 19-от и 15-от век п.н.е. Најверојатно првата фонетичка азбука e смислена во антички Египет, од која подоцна се адаптирале грчката азбука па потоа и латиницата. Единствено што можеме да заклучиме е дека некој пред 4000 години го смислил редоследот по кој денес ги изучуваме повеќето азбуки.

Зошто удираат громови?

Како може од еден навидум мал облак да удри гром. Можеби ќе си речете дека за ова има одговор, но според она што се знае за струја, електричното поле во една грмотевица е десет пати помало од она за кое ни е потребно да произведеме молња.

Зошто спиеме?

Доволно добро ги знаеме последиците од неспиење како што се: главоболки, успорени рефлекси па дури и халуцинирање. Но зошто заспиваме? Експертите тврдат дека спиењето дејствува врз мозокот но никој не знае како. Сите досегашни дадени одговори се 100 проценти сигурни како спиењето помага.

Колку мускули има човечкото тело?

Ова прашање не може точно да се одговори бидејќи во нашето тело има поединечни мускули кои се толку комплицирани така што може да претставуваат и два мускула наместо еден. За да се даде конкретен број на мускули, сепак постојат луѓе кои имаат различна градба и кои на некој начин ќе се вбројат во исклучоци. Така што, иако знаеме дека човечкото тело има 206 коски и 78 органи сепак не знаеме точно колку мускули содржи.

Зошто Плацебо ефектот функционира?

Се додека пациентите мислат дека примаат вистинска терапија, таа може навистина да им помогне. При тестирање на нов лек истиот тој се тестира во споредба со шеќерни таблети со цел да се види дека навистина функционира. Знаеме дека ваквиот ефект е поврзан со мозокот но се уште не знаеме како. Голема улога во плацебо ефектот може да има и бојата на самото апче како и тоа кој ги препишува апчињата, лекар или асистент.

Зошто не можеме да одиме по права линија со врзани очи?

Доколку ги врземе очите и пробаме да одиме по права линија ќе забележиме дека по подолго растојание правецот на движење ќе ни биде сосема друг. Повеќето научници сметаат дека тоа се должи на нашиот мозок а некои пак според должината на нашите нозе. Сепак ниту една од овие теории не дала сигурен одговор.

Зошто функционира анестезијата?

Иако знаеме дека анестезијата не прави несвесни сепак не знаеме како го прави тоа. Некои веруваат дека ја прекинува синхронизацијата помеѓу различните места на кортексот други пак дека предизвикува квантни вибрации во микротубулите.

Зошто луѓето се леваци или деснаци?

Секој има барем еден близок или пријател кој што пишува со лева рака, или пак можеби вие сте таа личност. Околу 10 проценти од популацијата во светот се леваци. Постојат и такви кои знаат да пишуваат и со двете раце или пак се леваци а пишуваат со десна рака. Но, никој не знае зошто сите не сме амбидекстрозни. Некои сметаат дека тоа е поврзано со вештините за јазик и местото кое е наменето за јазик во хемисверата на мозокот. Сепак оваа теорија не е докажана.

Како велосипедите остануваат исправено?

Знаеме дека доколку велосипед на две тркала стои во место ќе падне, но доколку почне да се движи ќе остане исправен. Иако звучи малку чудно сепак за ова прашање научниците немаат конкретен одговор.

Зошто зеваме кога сме уморни?

Една од првите теории за ова прашање била дадена од страна на Хипократ кој велел дека на тој начин го исфрлуваме лошиот воздух со цел да вдишиме добар воздух. Денес повеќето сметаат дека на тој начин го зголемуваме нивото на кислород во крвта а го намалуваме нивото на јаглерод диоксид. Но, ова не одговара на прашањето зошто зеваме кога сме уморни и зошто тогаш не зеваме кога ни треба повеќе кислород или кога вежбаме.

Do you like this post?
  • БРАВО
  • УБАВО
  • ХАХА
  • ЛЕЛЕ
  • ТАЖНО
  • УПМ

напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.