Волшебни села од светот кои ќе ве остават без здив

Големите, раздвижени градови нудат фантастични места за посета но, помалите помалку познати села честопати привлекуваат повеќе туристи.

Погледнете ја нашата листа за најубавите села ширум светот.

1. Popeye – Малта

Едно од најубавите села низ светот е кинематографски сет од 80-тите години. Селото Popeye сега е дом на необични, разнобојни кластери на дрвени објекти, компанија на актери и низа забавни активности. Додека децата се заљубуваат во игралиштата, вие можете да одите на прошетка со брод, да дегустирате квалитетно вино или пак да посетите некој музеј. Истражете ја главната туристичка атракција во Малта.

2. Hallstatt – Австрија

Најстарото и можеби најсреќното австриско село. Се одликува со убави стари цркви, солено езеро, музеј со артефакти стари 7.000 години и стаклено езеро поставено наспроти планините. Познато е по Халштатската култура која воедно е и една од привите на пракелтските народи.

3. Simiane La Rotonde – Франција

Исто така, го издвојуваме како едно од најубавите села во светот, опкружено со маслинови градини и лаванда. Ви препорачуваме да го разгледате шармантното село и  да поминете низ тесните калдрми и камените куќи. Можете да се восхитувате на архитектурата или пак посетете го средновековниот замок и уживајте во мирисите и боите на многубројните цвеќиња.

4. Cinque Terre – Италија

Cinque Terre значи пет земји и е колективно име дадено на пет различни рибарски села, од кои сите може да се пофалат со прекрасни крајбрежни и планински патеки, како и убава, класична архитектура. Cinque Terre нуди безвременска привлечност и чувство на автентична Италија со своите солидни крајбрежја и романтична градска област.

5. Ortahisar – Турција

И покрај централна локација, Ortahisar успеа да остане во голема мера традиционална и шармантна туристичка дестинација. Се одликува со тоа што можете да нарачате оброк и пијалок во бар кој се наоѓа во подземна пештера или можете да го посетите замокот издлабен од камен и висок 78 метри.

6. Oia – Грција

Oia е традиционално село со прекрасни црвени куполи, сончеви чардаци, голем број уметнички галерии и лавиринт на мали продавници. Скоро сите се со панорамски поглед на пристаништето Амуди.

7. Shirakawa-go – Јапонија

Shirakawa-go се наоѓа во подножјето на планината Хаку-сан. Можеме да го опишеме како тивко и планинско село со оризови полиња и реки. Честопати туристите се дружат со локалното население и учат да ткаат или да направат вкусни тестенини на традиционален начин.

8. Ait Ben-Haddou – Мароко

Ait Ben-Haddou е традиционално село во Мароко, направено од глинени тули (земјено село). Селото лежи во долина, во близина на планините Атлас, триесет и две милји од главниот град на Мароко. Историски гледано, трговците поминувале низ селото носејќи зачини и злато. Бидејќи користењето на оваа воспоставена трговска маршрута избледела, многу тврдини биле напуштени и оттогаш станале сочувани многу реликвии.

9. Cua Van – Виетнам

Шармантната и волшебна, Ha Long Bay е позната по својата природна убавина. Cua Van е само едно од рибарските села но, се верува дека е најпопуларно место. Се наоѓа на зелен залив опкружен со планини и воедно дом на убави и егзотични морски животни и пештери. Се одликува со енергична селска култура.

10. Alberobello – Италија

Alberobello е тивко италијанско село, најпознато по својот чуден стил на куќи представителен за 14-тиот век. Овие камени куќи се изработени од локалните граѓани и се одликуваат со конусни покриви. Честопати на кровот имаат бели врвови, како да се покриени со снег. Исто така крововите се украсени со насликани симболи за кои се верува дека имаат религиозно или суеверно значење. Alberobello се нарекува и село за еднодневна посета со неколку мали музеи.

11. Júzcar – Шпанија

Ова село е вгнездено во ридовите Андалузија. Во 2011-та година, Sony склучи договор со водачите на селото за да го обои во сино и да го нарече The Smurf Village како дел од промоцијата за претстојниот филм Штрумфови. Оттогаш ѕидовите на Júzcar остануваат светло сини, дури и кога селскиот живот останува во голема мера ист. Ние би го нарекле необично мало село.

12. Reine – Норвешка

Со проценета популација од 300 селани, Reine е едно од оние мали села за кои никој не знае. Совршено сместено во близина на прекрасните врвови на Лофт. Се вели дека е тивко рибарско село.  Доколку имате можност посетете го ова село за да уживате во руралниот живот. Останете во некоја рибарска куќа и гледајте како локалните жители кампуваат под ѕвездите, возат велосипед, ги гледаат птиците или едноставно се поврзуваат со природата.

13. Sidi Bou Said – Тунис

Sidi Bou Said се наоѓа на врвот на стрмна карпа со поглед на Средоземното Море. Дваесет и еден километар од главниот град Тунис, Sidi Bou Said е омилена туристичка дестинација за локалното население и туристите. Прошетајте по улиците со калдрми, наредени со мали продавници и тезги, впијте го прекрасниот панорамски поглед на Средоземното Море, посетете ја палатата Енејма Езахра, која оддаде почит на неомоварската архитектура и уживајте во брилијантен контраст на сино-бело обоени врати и решетки.

14. Ping’an – Кина

Познатото село Ping’an се наоѓа на 1200 метри надморска височина. Ping’an е мала заедница каде што старите традиции и локалната култура се очигледни и просперитетни. Тесни планински патишта што доведуваат до врвот нудат прекрасен поглед на неверојатно огромните оризови полиња чии различни нивоа се прекажани од локалните жители според нивните различни форми.

15. Wengen – Швајцарија

Wengen е туристичко село во кое преовладуваат туристите кои се желни да скијаат. И покрај приливот на туристите, планинското село го задржало својот дом како разгледница со своите дрвени куќи, бунгалови, високи планини и прекрасен пејзаж.

16. Burano – Италија

Burano е рангирано како едно од најживописните села во светот. Со боите што се појавуваат, Бурано носи речиси тропска вибрација. Ова мало село се карактеризира со кристално чиста вода, шармантни куќи и камбанарија од 17-ти век.

17. Bibury – Англија

Bibury се состои од камени куќи кои се наредени по должината на бреговите на реката Колн. Впечатливо е по живописниот ред куќички кои се верува дека датираат од 14-тиот или 16-тиот. Украсено е со природна убавина. Доколоку говориме за убавина, ова село дефинитивно се издвојува најмногу.

18. Colmar – Франција

Colmar може да се пофали со традиционални куќи, канали, познати вина, прекрасна средновековна архитектура и прекрасно осветлување. Во Colmar има 1100 компјутерски управувани оптички светла со различни бои и интензитети кои го осветлуваат градот во текот на ноќта во петок, сабота и секоја вечер за време на големите настани и важни локални фестивали.

19. Fenghuang – Кина

Fenghuang се наоѓа во подножјето на една планина и покрај бреговите на реката Tuojiang. Изградено е во 1704-та година и нуди поглед на Кина пред модернизацијата, со планината која се наѕира на градот.

20. Palangan – Иран

Palangan е малку познато рурално иранско село со проценета популација поголема од 1000 жители. Го краси реката Tangi Var, која тече низ ова село. Куќите се изградени на коси долини, на терасовиден начин. Локалните жители го прифаќаат своето културно наследство преку народниот танц и песните. Најчесто уживаат во животот на земјата, но понекогаш се разладуваат под сенката на околните дрвја и заедно уживаат низ едноставните игри.

21. Gásadalur – Фарски Острови

Бујни зелени полиња, драматично стрмни скали, панорамски поглед на соседниот остров Mykines, како и познатиот брз водопад Mulafossur, го карактеризираат пасторалното село Gásadalur, кое се наоѓа во западниот дел на Фарските Острови. Иако ова село има мала популација во 2004-та година забележа зголемување на населението и зголемување на туристичките посети.

22. Larung Gar – Тибет

На источниот крај на огромното тибетско плато е познатиот манастирски град Larung Gar, најголемиот тибетски будистички институт во светот. Жителите и зградите на овој културен, историски и религиозен локалитет се соочуваат со закана од присилна миграција и уривање. Иако меѓународната заедница не дејствува брзо, ова прекрасно тибетско село наскоро нема да го има повеќе.

23. Hobbiton – Нов Зеланд

Hobbiton во Нов Зеланд е филмскиот сет што е прикажан во The Lord of The Rings и The Hobbit. Иако првичниот план бил да се конструираат привремени куќи што требало да се срушат откако снимањето завршило. Сепак тие останале како што биле поставени. Почувствувајте го неверојатно шармантното филмско-село  опкружено со инспиративни зеленила.

24. Qasigiannguit – Гренланд

Qasigiannguit е нешто како заборавен рај и уште едно од оние мали села за кои никој не знае. Има високи и стрмни планини кои се издигаат на околу 450 метри. Отвореното земјиште и високите планини околу Qasigiannguit се предизвик, но нудат вреден поглед на заливот.

25. Staithes – Англија

Staithes е прилично рибарското село со спектакуларно поставени куќи по должината на крајбрежјето. Куќите се поставени на повеќе нивоа и со различни бои. Природното пристаниште и погледот кон морето го прави ова село идеално за туристи.

Do you like this post?
  • БРАВО
  • УБАВО
  • ХАХА
  • ЛЕЛЕ
  • ТАЖНО
  • УПМ

1 comment on “Волшебни села од светот кои ќе ве остават без здив”

напиши коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.